Дома Фудбал Италија Новото раководство на Јувентус: Роналдо е централна фигура во нашиот проект

Новото раководство на Јувентус: Роналдо е централна фигура во нашиот проект

Денес Јувентус ги претстави новите лица во раководството.

За нов извршен директор назначен е Маурицио Аривабене, додека Федерико Черубини е новиот спортски директор. На промоцијата неизбежно беше и прашањето за Кристиано Роналдо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роналдо во последниот период дел од медиумите го поврзуваат со можно заминување, но тоа веројатно се само медиумски шпекулации.

„Нема најави од Роналдо дека сака да замине, никогаш не ни кажал такво нешто, ниту пак ние сме помислиле на разделба“.

„Среќни сме што го имаме во тимот и убедени сме дека ќе ни се приклучи после одморот, во овој момент така стојат работите. Роналдо нема да направи трансфер, тој е централна фигура во нашиот проект. Но, немам кристална топка да можам да ви кажам што ќе се слчува во иднина“, изјави Черубини.

Ќе потсетиме, по крајот на сезоната Јувентус се раздели со Фабио Партичи кој беше еден од клучните луѓе во трансферот на Роналдо, кога Португалецот пристигна од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Хуан Мата има нов клуб!

Легендарниот шпански фудбалер, Хуан Мата, го пронајде својот нов тим. Ветеранот во офанзив…