Милан ова лето направи трампа со Јувентус каде го испрати Леонардо Бонучи, а за возврат го доби младиот дефанзивец Матија Калдара.
Калдара важи за еден од најголемите таленти на Апенините и веќе дебитираше за италијанската репрезентација, но се уште нема дебитирано во дресот на „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фановите со нетрпение го очекуваат неговото деби, кое нема да се случи ни викендов на гостувањето кај Каљари.
Калдара призна дека има потешкотии да се привикна на одбрана со четворица и на замислите на тренерот Гатузо, па ќе му биде потребно време.
„Нема ништо спорно во одлуката на Гатузо. Јас сум тука само еден месец, треба да се привикнам на новата филозофија на тренерот. Се обидувам да дадам се од себе на секој тренинг и што е можно побрзо да ги научам механизмите“, изјави Калдара.
„Неопходно е време да се привикнам со новите соиграчи, но јас сум спремен кога ќе бидам повикан да играм. Гатузо ме поддржува многу и се надевам дека наскоро ќе бидат во стартниот тим“, додаде дефанзивецот.
Caldara: "Gattuso is very demanding, our relationship is positive, getting used to a four-man defense isn’t easy" https://t.co/DqNfOstmMH pic.twitter.com/7RifQhTODC
— Meytar Zeevi (@RossoneriBlog) September 14, 2018