Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз денес пристигна на лекарски прегледи во Милано, а потоа ќе стави потпис на договорот со „росонерите“.
Двата клуба договорија едногодишна позајмица на 21-годишниот Шпанец, кој следната сезона ќе го носи дресот на Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид и Милан допрва треба да ја договорат сумата со која „росонерите“ ќе можат да го откупат Дијаз на крајот на сезоната, но Реал ќе има бај-бек клаузула во договорот.
„Среќен сум што доаѓам во Милан, бидејќи е голем клуб. Форца Милан“, порача младиот Шпанец.
? MALPENSA
— Sportitalia (@tvdellosport) September 2, 2020
? L'arrivo di Brahim #Diaz, neo acquisti del #Milan in arrivo dal #RealMadrid#Sportitalia#Sportitaliamercato pic.twitter.com/5A8Tdp9ohM