Дома Фудбал Англија Новото засилување на Ливерпул има тетоважа со цитат на Џерард

Новото засилување на Ливерпул има тетоважа со цитат на Џерард

Oд вчера Доминик Собслаи е нов фудбалер на Ливерпул и на „Енфилд“ ќе настапува со дресот со број осум.

Одличниот унгарски фудбалер откри дека причината што се одлучил „за осмицата“ е Стивен Џерард кој има статус на легенда во Ливерпул. Собослаи на своето тело има и тетоважа со цитат од Џерард.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Многу добри играчи го носеле овој број, но јас имам тетоважа со цитат од Џерард, не се сеќавам кога го кажа тоа, но тоа е приччината што го избрав овој број. Да бидам искрен како дете не гледав премногу фудбал, но ги гледав натпреварите во Лигата шампионите. Ливерпул ми беше еден од омилените, а Џерард е помеѓу најголемите играчи во историјата“, изјави Собослаи.

Тетоватажа на Собослаи е напишана на негов мајчин јазик со текст:

„Талентот е благослов од Бога, но без неверојатна желба и понизност, тој е безвреден“.

Ќе потсетиме, пред Собослаи, Ливерпул го доведе МекАлистер од Брајтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа …