Дома Фудбал Англија Новости од Ливерпул: Денеска потпишува големата ѕвезда, но следи разочарување за навивачите

Новости од Ливерпул: Денеска потпишува големата ѕвезда, но следи разочарување за навивачите

Германскиот стручњак Јирген Клоп донесе веќе неколку засилувања ова лето и се чини дека е време да каже “доста“.

Редовите на Црвените до сега ги засилија Наби Кеита кој стигна за 60 милиони евра од Лајпциг, Фабињо за 45 милиони од Монако и Шакири од Стоук за 14,7 милиони, а денеска се очекува потпис да стави и бразилскиот голман Алисон кој би требало да биде платен околу 75 милиони евра.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Англиските медиуми пренесуваат дека трансферот на Алисон ќе биде последен ова лето за Ливерпул. Клубот заработи огромни средства од успехот минатата сезона во ЛШ, од продажбата на Кутињо, но потроши и многу во досегашниот дел од преодниот рок и веројатно е време да се каже “доста.“

Од друга страна, некои медиуми пренесуваат дека не е во интерес на Клоп да носи нови играчи бидејќи сега е задоволен од тимот кој го има и евентуален трансфер на Фекир од Лион би можел да ја поремети тактиката, па затоа Германецот ќе се откаже од играчот на Лион.

Да потсетиме, Енфилд ова лето го напуштија неколку фудбалери, а од најважните тоа го направи Емре Џан кој како слободен играч премина во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Родри повторно се повреди. Ќе паузира еден месец

РОДРИ (29), клучниот играч за врска на Манчестер Сити, повторно се соочи со повреда која ќ…