Дома Фудбал Италија Нови проблеми за Јувентус: Раководството под истрага за измама

Нови проблеми за Јувентус: Раководството под истрага за измама

Првите луѓе на италијанскиот гигант Јувентус би можеле да треба да се појават на суд поради наводно фалсификување на финансискиот извештај доставен во јавноста.

Медиумите во Италија пренесуваат дека обвинителката Ана Марија Лорето испратила барање до полицијата да се уапси претседателот на „старата дама“ Андреа Ањели. Се наведува дека истрагата започнала минатата година.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Обвинувањата кон клубот се дека биле остварени сомнителни приходи во 2018, 2019 и 2020 година. Во истрагата се вклучени 16 лица, во прашање се поранешени и сегашни вработени. Помеѓу тие 16 лица се Ањели, Недвед Маурицио Аривабене и сегашниот прв оперативец на Тотенхем Фабио Партичи.

Исто така во истрагата се обидува да се докаже дека фудбалерите на Јувентус не ги намалиле платите за време на пандемијата, иако тоа беше објавено од страна на клубот кога започна кризата поради пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд доаѓа во Реал веќе следната година? Објавен планот на мадридскиот клуб

Сагата за можното доаѓање на Ерлинг Халанд (25) во Реал Мадрид доби ново продолжение, а шп…