Дома Фудбал Англија Нови проблеми за Венгер пред вечното лондонско дерби: Клучниот играч неизвесен поради повреда?!

Нови проблеми за Венгер пред вечното лондонско дерби: Клучниот играч неизвесен поради повреда?!

Францускиот напаѓач, Оливие Жиру се повреди на пријателскиот меч против Велс во Париз, кој се одигра во петокот.

31-годишниот Жиру на споменатиот меч беше стрелец на вториот погодок за конечни 2:0 во 71. минута, но само две минути подоцна беше приморан да излезе од игра поради непријатниот удар кој го претрпи.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Од Фудбалскиот сојуз на Франција веќе порачаа дека Жиру ќе го пропушти претстојниот пријателски меч против Германија кој се игра во вторник во Келн, а оваа вест е проблематична и за Арсен Венгер.

Арсенал за седум дена го очекува лондонското дерби против Тотенхем, но се уште не е познато дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Директорот на Баерн за фудбалерот кој одлично тргна во Премиер лигатаа: Им честитам, најдоа идиоти да платат толку!

Додека изгледаше дека 23-годишниот фудбалер ќе остане во Германија, Њукасл се согласи да п…