Германија следниот викенд ќе ја рестартира Бундеслигата, но денес пристигнуваат лоши вести кои можат да ја искомплицираат целата ситуација.
Имено, германскиот второлигаш Динамо Дрезен објави дека целиот тим оди на 14-дневен карантин бидејќи има неколку фудбалери со позитивни тестови на корона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Двете први лиги во Германија треба да стартуваат на 16 мај со мечеви без публика, а Динамо потврди дека нема да може да го игра мечот против Хановер.
„Играчите кои се заразени немаат симптоми на коронавирус. Во контакт сме со надлежните органир и ДФЛ за да знаеме што да правиме понатаму. Во наредните 14 дена не смееме да тренираме, ниту да играме натпревари“, истакан спортскиот директор на клубот, Ралф Минге.