Дома Топ вести Нови обвиненија за Тонали, се обложувал и во Англија

Нови обвиненија за Тонали, се обложувал и во Англија

На Сандро Тонали му се заканува нова казна поради обложување на фудбалски натпревари.

Тој во моментов отслужува десетмесечна суспензија поради обложување од времето во Италија пред да се пресели во Њукасл, но сега ФА го обвини за истото како играч од Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој беше казнет од Италијанската фудбалска федерација, казна која на барање на ФИГС потоа се пренесе низ целиот свет со помош на ФИФА и токму поради тоа во моментов не настапува за премиерлигашот Њукасл.

Денеска од ФА информираат дека против Тонали е покрената истрага за 50 прекршувања на правилото за обложување оваа сезона, односно толку пати се обложил на фудбалски натпревари.

Тонали се обложувал во периодот од 12 август до 12 октомври минатата година, односно во првите месеци откако потпиша за Њукасл.

За овие обвинувања треба да одговори до 5 април, а според тамошните медиуми може да добие нова суспензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…