Дома Фудбал Италија Нови лоши вести за Рома

Нови лоши вести за Рома

Рома утрово објави дека Лоренцо Пелегрини ќе биде надвор од теренот дури два месеци поради повреда, но тоа не е крај за проблемите.

Пелегрини се повреди на натпреварот против Лече кој Рома го доби со 1:0 со голот на Един Џеко. Играчот за врска на Рома го повреди стапалото и утринава беше опериран и ќе биде надвор од теренот околу два месеци. Но, тоа не е крај за проблемите на Рома, бидејќи за само неколку часа подоцна повторно се огласи на социјалните мрежи. Римксиот клуб објави дека повреда против Лече заработил и Михтаријан.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Михтаријан се здоби со повреда на бутот, а на утрешните прегледи откриено е дека ќе биде надвор од теренот три недели. Тој ќе го пропушти натпреварот од Лигата на Европа против Волфсбург и натпреварот во Серија А против Каљари. Се очекува Михтаријан да се врати по репрезентативната пауза, а тоа значи дека ниту селекторот на Арменија нема да може да смета на него во следните натпревари за квалификации за Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Руни ги посочи Лукаку, Ибрахимовиќ и Погба како пример за неправилната трансферна политика на Манчестер Јунајтед

Вејн Руни смета дека Пол Погба е меѓу трите најчудни засилувања на Манчестер Јунајтед пред…