Дома Фудбал Нови лоши вести за Барса: Ракитиќ има фрактура!

Нови лоши вести за Барса: Ракитиќ има фрактура!

Лошите вести за Барселона не престануваат после шокантната елиминација од Рома во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Играчот за врска Иван Ракитиќ се здобил со фрактура на прстот на левата рака синоќа на „Олимпико“, информираат каталонските медиуми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Хрватскиот репрезентативец уште денес ќе биде опериран во Барселона.

Не се знае колку време ќе отсуствува од терените, но целта на Каталонците е да биде спремен за финалето на Купот против Севиља, натпревар кој е закажан за 21-ви април.

Готово сигурно Ракитиќ нема да биде во тимот за првенствените натпревари против Валенсија и Селта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Играше за Вила, Челзи и Дортмунд… но никогаш не заврши натпревар

Карни Чуквуемека, играч на Борусија од Дортмунд, е оптоварен со физички проблеми уште од н…