Поранешниот фудбалер, а сега аналитичар, Раде Богдановиќ уште еднаш го критикуваше селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси по поразот од Шпанија.
Србија во Кордоба претрпе пораз од Шпанија со резултат 3:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако ни шутираат на секои три минути, а ние да не ги загрозиме ниту малку, тоа фрла сенка. Не требаше да изгледаме вака. Можеш да изгубиш 3:0, играше против Европски шампион, но против секого треба да играш фудбал. Кај нас цело време нешто се менува. Тоа не може да излезе на добро и загрижува за во иднина. Оваа Лига на Нации е добро натпреварување за да видете до каде сте“.
За Богдановиќ чудни се измените кои ги правел Пикси.
„Како да не тежнееме да направиме компактна група на играчи и носителите на играта. Чудни ми се изминете и составот. Овие деца не можат да го дадат својот максимум, секогаш зборував дека еден тренер може да уништи играч и тоа го потпишувам“, заклучи Богдановиќ.