Во Италија од вчера актуелна е веста дека аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала добил понуда од Интер и на лето би можел да направи „земјотрес“ на „чизмата“ со трансферот во големиот ривал. Сепак, последните информации се поинакви.
Поранешниот фудбалер на Палермо има договор со Јувентус до крајот на сезоната што значи дека уште сега слободно може да преговара со заинтересираните клубови. Во претходните недели имаше информации дека Дибала постигнал договор годишна плата од осум милиони евра по сезона, плус бонуси со што Аргентинецот би стигнал до посакуваните 10.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бидејќи официјализирањето на соработката не стигнуваше се поставуваше прашањето дали договорот пропаднал.
Според информациите на Ромео Агрести, новинар на „Goal.com“ и човек кој важи за близок до Јувентус се е на сила како и во октомври, само потпишувањето на договорот е поместено за февруари.
Сега ако веруваме на неговите информации Дибала и од лето ќе остане член на Јувентус.