Дома Фудбал Италија Нови детали: Фудбалерот на Јувентус признал дека се обложувал

Нови детали: Фудбалерот на Јувентус признал дека се обложувал

Против фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли отворена е истрага за обложување на фудбалски натпревари, а според последните информациите 22-годишниот играч го признал делото.

Фаџоли е под истрага од торинскиот јавен обвинител дека се обложувал онлајн преку нелегални платформи, а ако неговата вина се потврди му се заканува и суспензија од терените до три години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денес италијанските медиуми пренесуваат дека Фаџоли им признал на истражителите, но истакнал дека тоа не го правел на нелегални платформи и никогаш не фклучувал тимови за кои играл.

Сепак, според правилото на фудбалерите, тренерите и членовите на стручните штабови им е забрането било какво обложување. Останува сега се види каков исход ќе има крајот на истрагата.

Ќе потсетиме, неодамна во Јувентус имаше и уште еден скандал откако се потврди позитивниот допинг тест на Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн не мора да го купи Џексон, Челси прифати невозможна мисија?!

Ќе биде речиси невозможно откупот на Николас Џексон да стане обврска. Денес конечно исплив…