Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Нови детали за состојбата на Варга – мора да оди на операција!

Нови детали за состојбата на Варга – мора да оди на операција!

Унгарскиот фудбалер Барнабас Варга заработи повеќекратни скршеници на коските на лицето на натпреварот против Шкотска на ЕП и најверојатно ќе биде опериран, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на Унгарија.

Во 68. минута од натпреварот помеѓу Унгарија и Шкотска во Штутгарт, Барнабас Варга жестоко се судри со шкотскиот голман Ангус Ган. Тој доби силен удар во лицето, а потоа неговата глава удри во земјата кога падна.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По првата помош на теренот, опкружен со соиграчи кои држеа ќебе за да го сокријат од камерите, Варга бил пренесен во болница.

„На Варга му беа скршени неколку коски на лицето. Исто така се здоби со потрес на мозокот. Најверојатно ќе биде опериран“, соопштија од унгарската федерација.

Унгарија со гол во судиското надополнување ја победи Шкотска со 1:0, а таа победа соиграчите му ја посветија на Варга.

„Беше ужасен момент, да се види Барнабас во таква состојба. Се боревме за него, сакавме да победиме за него и среќни сме што успеавме да го постигнеме тоа. Победата е за него“, изјави унгарскиот играч за врска Роналд Шалаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…