Дома Фудбал Новиот стратег на Реал со прва изјава: Сите имаме огромна желба оваа ситуација да се промени

Новиот стратег на Реал со прва изјава: Сите имаме огромна желба оваа ситуација да се промени

Сантијаго Солари вчера беше именува за нов тренер на Реал Мадрид, барем засега е најавен како привремено решение.

Реал Мадрид утре од 19:30 часот го игра првиот натпревар во купот против третолигашот Мелија, Солари пред овој натпревар го имаше првото обраќање за медиумите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Планот е да излеземе на терен и да одиграме храбро. Засега тоа можам да ви кажам, целта секако е да победиме. Екипата е во проблеми, но има голема желба да ја свртиме во наша корист тешката ситуација. Не е лесно, но гледам огромна желба кај играчите тоа да се промени“, изјави Солари.
Дали е новиот „Зидан“?

„Да го оставиме Зизу на мира. Тој е еден од најголемите во историјата на Реал. За него можете да кажете што сакате, но неговата големина мората да ја оставите на мира, бидејќи не се споредува со никого“, изјави новиот стратег на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА објави колку ќе заработи освојувачот на Светското првенство во фудбал 2026

Секоја од 48-те репрезентации кои учествуваат на Светското првенство ќе добие најмалку 8,8…