Дома Фудбал Италија „Новиот Пирло“ не сака да личи на Пирло

„Новиот Пирло“ не сака да личи на Пирло

Еден од најголемите италијански таленти, 19-годишниот Сандро Тонели ја разбранува јавноста поради тоа што ја кажа причината поради која ја скратил долгата коса.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младата ѕвезда на Бреша веќе го доби епитетот „новиот Пирло“, бидејќи многу наликува на легендата, не само по стилот на игра, туку и по имиџот.

Меѓутоа, споредбите му пречат на Тонели, па реши да го промени имиџот и да ја скрати косата.

„Играме на иста позиција и тоа е се. Мислам дека повеќе ме споредуваат со него заради фризурата, затоа ја скратив косата“, изјави Тонели, на кого идол му е Џенаро Гатузо.

„Ако веќе мораат да ме споредуваат, тоа нека биде со Џенаро Гатусо. Јас сум играч како него“, вели Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…