Дома Фудбал Италија Новинар го праша Спалети за Јувентус, а тој го потсети: И ти беше со мене кога дојдоа по Пјаниќ

Новинар го праша Спалети за Јувентус, а тој го потсети: И ти беше со мене кога дојдоа по Пјаниќ

Tренерот на Интер, Лучијано Спалети на денешната прес конференција зборуваше за утрешното големо дерби во Италија во кое ќе играат Јувентус и Интер.

Спалети пред овој натпревар порача дека ова ќе биде тежок натпревар за неговиот тим бидејќи Јувентус има фантастични фудбалери.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Исто така зборуваше за тоа како Јувентус скоро секоја година ги купува најдобрите во Серија А.

Еден од новинарите му постави токму такво прашање, а Спалети го потсети дека го знае уште додека беше во Рома, па сега го потсети како изгледало кога Јувентус дошол по Пјаниќ.

„Беше со мене во Рим кога Јувентус дојде по Пјаниќ, Тој покрај Де Роси беше нашиот најважен играч кога во прашање е креирањето на играта. Исто се случи и со Игуаин кога го купија од Наполи, а ова лето го доведоа и Роналдо. Тоа е разликата која тие е ја прават“, порача Спалети.

Сепак, сигурен е дека ако неговиот тим биде на ниво може да направи проблем на секого.

„Во ваквите натпревари мораме да влегуваме со карактер. Ако играме како што знаеме, можеме на сите да им правиме проблеми, не е важно кој ни е противник“, изјави стратегот на „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…