Дома Фудбал Италија Новинарите го налутија Гатузо: Можам да најдам работа во Кувајт или било каде за две минути!

Новинарите го налутија Гатузо: Можам да најдам работа во Кувајт или било каде за две минути!

Наполи вчера ја победи Специја со 4:2 и се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија.

После нешто послабите резултати во првенството. Наполи за 45 минути ја заврши работата со Специја и сега ќе игра за трофејот во Купот, а Гатузо после натпреварот сепак доби прашање за можниот отказ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Зошто тоа не ги прашувате другите тренери? Нема да добијам отказ, претседателот на клубот ми даде гаранција, но мене не ми се потребни никакви гаранции. Тука сум вработен, па ако ме сменат, тоа е тоа. Единствен сум кој четири години игра во низа во полуфиналето на Купот, но не сум слушнал ниту еден убав збор, само критики. Во Милано гинев за клубот, но немаше доверба. Ќе видиме како ќе биде тука во Наполи“.

„Би сакал да видам како Интер ќе игра ако биде без Лаутаро и Лукаку. Ние имаме многу повредени важни играчи, а тоа никој не го споменува“.

„Ако го победиме Јувентус во заостанатиот натпревар ќе се искачиме на третото место на табелата, но тоа нема да биде доволно. Нема проблем, тука сум и ќе работам додека не добијам отказ, а тогаш може да добијам работа и во Кувајт или било каде за две минути. Како играч освоив се, ќе видиме како ќе завршам како тренер“, додаде Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендата на Реал ги избра најдобрите 11: Ги нема Модриќ, Зидан, Рамос, Касиљас… (Фото)

Поранешниот шпански средишен играч Гути ги одбра најдобрите 11 во историјата на Реал Мадри…