Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Новинарите го изненадија Спалети: Не ми се верува дека морам да зборувам за ова

Новинарите го изненадија Спалети: Не ми се верува дека морам да зборувам за ова

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети демантираше дека им забранил на фудбалерите да играат плеј-стејшн за време на натпреварите.

Спалети беше зачуден што мора на Европско првенство да зборува за таква тема.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не ми се верува дека треба да коментирам за ова, јас се грижам само за тоа тие да спијат навечер. Никогаш не сум рекол дека не може да играат плејстејшн, реков дека не можат да бидат будни до 3-4 после полноќ. Тоа се две различни работи“,

„Сакам кога ќе се разбудат да бидат одморни за тренинг. Немам ништо против било какви игри, ние направивме соба за игри каде има два плеј-стејшна. Дури и јас одам таму да играм“, изјави Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Интер продаде на Аталанта играч кој го купи ова лето

Екипите на Интер и Аталанта постигнаа договор за трансферот на левиот бек Никола Залевски …