Дома Фудбал Англија Нова лоша вест за Солскјер, се повреди уште еден важен играч!

Нова лоша вест за Солскјер, се повреди уште еден важен играч!

Откако вчера дозна дека Немања Матиќ се повреди на припремите за српската репрезентација, Оле Гунер Солскјер денес доби нова лоша вест.

Имено, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ја напушти белгиската репрезентација утрово поради повреда.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Лукаку поради повреда на стапалото го пропушти мечот од ФА Купот против Вулверхемптон кој Јунајтед го загуби со 2:1. Сепак, Белгиецот се појави на собирот со белгиската репрезентација, но неговата состојба се влоши.

На Лукаку му беа направени додатни пегледи за да се процени неговата состојба и беше утврдено дека треба да се врати на рехабилитација назад во Манчестер.

Ова е голем удар за Солскјер кој има проблем со повредени играчи, а Лукаку во последно време беше во одлична форма и постигна шест гола на последните чети меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атрактивната водителка за малку ќе настрадаше, ја спаси поранешен голман (ВИДЕО)

За време на снимањето на емисија пред натпреварот меѓу Локомотив и Ријека, силните налети …