Дома Топ вести Нова потврда: Ако Милан летоска ги имаше денешните сопственици сега ќе го имаше Роналдо!

Нова потврда: Ако Милан летоска ги имаше денешните сопственици сега ќе го имаше Роналдо!

Во летото кое е зад нас Кристиано Роналдо направи голем трансфер и од Реал Мадрид премина во Јувентус, но тоа можело да биде и поинаку.

Неодамна, во италијанските медиуми се појави вест дека Милан преговарал за доведување на Роналдо во текот на летото. Сега на оваа тема зборуваше и поранешниот спортски директор на „росонерите“, Масимо Мирабели.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


„Тоа беше нешто за што мораше добро да се размисли. Ќе откријам и дека започнавме преговори со неговиот агент, Жорж Мендеш. Свесни бевме за проблемите на Роналдо во Мадрид. Разговаравме за платата и условите кои би требало да ги добие во Милано. Потоа беа известени и кинеските сопственици, на кои сумата не им одговараше“.

„Сигурен сум дека доколку Милан во тоа време ги има денешните сопственици, Роналдо ќе играше во Милано“, изјави Мирабели.

Мирабели функцијата спортски директор во Милан ја извршуваше се додека клубот не беше превземен од инвестициониот фонд „Елиот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…