Дома Фудбал Англија Нова конференција, ново шоу на Жозе: Пак се изнафали и цитираше германски филозоф

Нова конференција, ново шоу на Жозе: Пак се изнафали и цитираше германски филозоф

mourinho

Tренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо повторно имаше свое мало шоу на прес-конференцијата.

После два порази во низа од Брајтон и Тотенхем, многумина очекуваат неуспех против Барнли во следното коло за Мурињо да значи и отказ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарите констатно вршат притисок на него, но Мурињо не отстапува од своите стандардни изјави. Повторно ги набројуваше трофеите, се фалеше како е еден од најдобрите…

„Јас сум тренер на еден од најголемите клубови во светот, но исто така сум еден од најдобрите тренери во светот. Имав многу успех минатата сезона и тоа веројатно е нешто кое вие не сакате да го признаете. Сам си ги анализирам своите достигнување и за мене е многу поважно што јас мислам, отколку вашето мислење. Ќе повторам дека пред две сезони ја освоив Лигата на Европа после елиминацијата во Лигата на шампионите. Сите зборуваат дека Атлетико направи одличен успех со триумфот во тоа натпреварување. Ние сме последниот тим од Англија кој освоив европски трофеј“.

„И повторувам, освоив осум титули. Јас сум единствениот тренер на светот кој освојувал трофеи во Италија, Шпанија и Англија, тоа воопшто не е мала работа. Моето второ место во Премиер лигата минатата сезона е едно од моите најголеми достигнувања“.

Еден новинар го запраша Мурињо дали се уште ќе се смета за еден од најдобрите тренери ако не освои титула со Манчестер, а тој во одговорот го цитираше германскиот филозоф Хегл.

„Дали вие читате некој филозоф или во вашето слободно време никако не читате некој како Хегл? Ќе ви дадам еден пример, Хегл вели вистината е во целината, значи во целината“, порача „специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…