Реал Мадрид вечерва против Борусија Дортмунд го игра последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите, а тоа ќе биде добра прилика за Кристиано Роналдо да собори два нови рекорди.
Со осум погодоци покрај своето име, напаѓачот е прв стрелец во ова натпреварување, а му недостасуваат уште два за да собори два нови рекорди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку постигне гол против „милионерите“ Роналдо ќе стане првиот играч во историјата кој постигнал гол на секој натпревар во групната фаза. Дел Пиеро и Ребров беа блиску до остварување на ваков подвиг во сезонаите 1995/96 и 1997/98, како и Нејмар вчера.
Кристиано веќе е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со 113 погодоци.
Со два погодоци вечерва Роналдо ќе го надмине Меси како најдобар стрелец во историјата во групната фаза од Лигата на шампионите. Фудбалерот на Барселона постигна 60 погодоци, додека Португалецот е стрелец на 59 погодоци.