Дома Останати Авто Мото Нова „бомба“ во Формула 1: Ферстапен во Мерцедес!?

Нова „бомба“ во Формула 1: Ферстапен во Мерцедес!?

Дали преминувањето на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари следната сезона ќе биде причина за уште еден бомбастичен трансфер во Формула 1?

Германските медиуми денес пренесуваат дека трикратниот шампион во овој спорт, Макс Ферстапен би можел да седне во болидот на Мерцедес


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како една од причината за ваков трансфер се наведува несогласувањата кои ги имаше Ферстапен со првиот човек на Ред Бул Кристијан Хорнер.

Хорнер наводно на негова колешка подолг период и испраќал непримерни пораки. Во внатрешната истрага се докажа дека е невин, меѓутоа не мислат сите така. Меѓу нив е и таткото на Ферстапен.

„Постојат тенизии и додека е Кристијан таму, така ќе биде. Екипата би можела да се распадне. Не може да се продолжи на долги стази на овој начин. Хорнер изигрува жртва и прави проблеми“, изјави таткото на Ферстапен.

По ваквите информации се огласи и првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.

„Макс во Мерцедес? Секако тоа дека би го сакал, но мислам дека шампионите ги бараат најбрзите болиди, во овој момент тој го има Ред Бул“, изјави Волф.

Договорот на Ферстапен со Ред Бул е со важност до 2028 година, но останува да видиме што ќе се случува во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …