Дома Фудбал Новајлијата во Барса има големи амбиции, го откри и играчот кој е негов пример!

Новајлијата во Барса има големи амбиции, го откри и играчот кој е негов пример!

Новото засилување од редовите на Барселона си постави цел, тој има намера да го достигне нивото на еден фудбалер кој обележа една цела „епоха“ на „Ноу Камп“.

Станува збор за дефанзивецот Нелсон Семедо кој доби големи пофалби после натпреварот во кој Барселона славеше над Јувентус со убедливи 3:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Момчето кое беше доведен од Бенфика со цел конечно да се затвори „дупката“ на десната бековска позиција која се отвори уште со заминувањето на Дани Алвеш.

„Секој ден се трудам да напредувам. Свесен сум дека морам уште многу да работам. Моја цел е да стигнам до нивото на Дани Алвеш во своите најдобри денови. Се надевам дека ќе успеам во тоа. Имам доверба кај тренерот, неговите совети и пофалби многу ми помагаат“, изјави Семедо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма на 80 дена пред почетокот на Мундијалот: Аргентина без Меси на Светското првенство?!

Светското првенство кое ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико се приближува и остануваа…