Дома Останати Тенис Новак уште во првото коло на Олимпијадата го очекува најголемиот можен ривал?!

Новак уште во првото коло на Олимпијадата го очекува најголемиот можен ривал?!

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата на тенисот, има јасно дефинирана цел – освојување на олимписко злато на Игрите во Париз (26 јули – 11 аљвгуст).

Ова за српскиот ас би била круна на неговата успешна кариера, со оглед на тоа што ова е единствената награда што му недостасува. Со оглед на тоа што ја има најверојатно последната шанса да го оствари овој сон во Париз, не е тајна дека Ѓоковиќ ќе го даде максимумот за да го оствари овој историски подвиг.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Покрај желбата да се закити со златен медал, на Ѓоковиќ му претстојат и можни предизвици веќе во првото коло. Постои реална можност да се сретне со Рафаел Надал, човекот кој 14 пати го освојуваше трофејот на париската земјена подлога.

Иако Надал не е фит како порано, неговото искуство и вештина на земјена подлога може да претставуваат сериозен предизвик за секој противник. Ѓоковиќ како втор носител ќе има свои предизвици за време на турнирот, но тој е оптимист за својот настап.

Олимпискиот тениски турнир во Париз ќе се одржи од 27 јули до 4 август, а ждрепката ќе биде извршена во четврток. Ќе настапат вкупно 64 тенисери, а меѓу 16 носители се и Јаник Синер, Александар Зверев, Данил Медведев, Стефанос Циципас и други.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Дрејпер имаше проблеми против Синер: Повраќаше среде меч 🎥

Џек Дрејпер беше елиминиран во полуфиналето на УС Опен откако со 3:0 беше поразен од Јаник…