Раководството на италијанската Серија А одлучи дополнително да го помести натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи кој беше закажан за 17. март.
Наполи се жаелеше на терминот поради густиот распоред, а по елиминацијата на Јувентус од Лигата на шампионите се слободија и термин со оглед што и Наполи не игра во европските натпреварувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот датум за одигрувањето на овој натпревар е 7. април.
Дуелот помеѓу Јувентус и Наполи требаше прво да се игра на 4. октомври, но Наполи не допатува во Торино. Првата одлука беше Јувентус службено да ги добие бодовите, меѓутоа по неколку жалби на Наполи се донесе одлука дуелот да добие нов датум.
Првиот беше 17. март, меѓутоа дојде до нова промена, па сега Јувентус и Наполи ќе ги гледаме на 7. април.