Дома Фудбал Останато Ништо од Рагник, нов кандидат за наследник на Пиоли во Милан?

Ништо од Рагник, нов кандидат за наследник на Пиоли во Милан?

Лучијано Спалети во италијанските медиуми се споменува како кандидат за клупата на Милан.

На Апенините веќе со месеци се шпекулира дека Стефано Пиоли нема да остане на клупата на Милан. Како идеално решение за Милан се споменуваше Ралф Рагник со кој беше скоро се договорено, но сега се шпекулира дека Германецот се откажал од работата на „Сан Сиро“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во Милано во меѓувреме се насочија кон други решенија, а еден од кандидатите според „Кориере дело Спорт“ е Лучијано Спалети кој зад себе има големо искуство Серија А.

Управата на Милан со Спалети преговараа пред Пиоли да стане тренер, но тогаш проблем беа финансиските услови. Денес ситуацијата според медиумите во Италија е поинаква и Спалети е спремен да седне на клупата на „росонерите“.

Низ тренерската кариера Спалети водеше повеќе клубови помеѓу кои се: Интер, Рома, Зенит…Неодамна се шпекулираше и дека може да седне на клупата на Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…