Дома Фудбал Италија Ништо од пензија: Буфон потпишува нов договор со Јувентус

Ништо од пензија: Буфон потпишува нов договор со Јувентус

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон не планира да ја прекине кариерата на крајот од сезоната, иако веќе влезе во петтата деценија од животот.

Четириесет и двегодишниот Италијанец има договор со Јувентус до крајот на сезоната, но „Тутоспорт“ тврди дека двете страни ќе ја продолжат соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Весникот кој е близок до Јувентус открива дека Буфон постигал договор за нов едногодишен договор и ќе стави потпис на истиот веднаш откако ќе помине хистеријата со пандемија.

42-годишниот голман ова лето се врати во Јувентус после авантурата во ПСЖ и потпиша договор на една година, но наскоро ќе ја продолжи соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Поранешниот репрезентативец на Англија го „пецна“ Роналдо: Кога легне да спие помисли „ Би сакал да бидам добар како Меси“

Џо Кол, поранешен англиски репрезентативец, изјави дека ривалството со Лионел Меси одиграл…