Дома Фудбал Италија Ништо од враќањето овој викенд: Лоши вести за Ибрахимовиќ и Милан

Ништо од враќањето овој викенд: Лоши вести за Ибрахимовиќ и Милан

Златан Ибрахимовиќ денес се врати на тренинзите на Милан, но неговото брзо враќање на терените е под голем знак прашалник.\

Искусниот 39 годишен напаѓач игра навистина одлично сезонава, но веќе две недели е надвор од терените поради повреда на бутниот мускул. Денес го одработи првиот тренинг со екипата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа како што тврди „Скај Спорт“ проблемите со повредата продолжиле и многу е веројатно дека Ибра ќе се врати на почетокот на 2021 година.

Според информациите Милан нема да ризикува и Ибра би требало да го видиме дури на 3. или 6. јануари кога Милан ќе игра со Беневенто и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луд навивач стана хит на Африканскиот Куп на Нации: За кого навиваше?

Неделава во Мароко започна Африканскиот куп на нации, каде што најдобрите африкански репре…