Дома Фудбал Англија Ништо ново: „Специјалниот“ ги „боцна“ Венгер и Гвардиола

Ништо ново: „Специјалниот“ ги „боцна“ Венгер и Гвардиола

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо после синоќешниот меч со ЦСКА Москва иронизираше со своите колеги Арсен Венгер и Пеп Гвардиола.

Мурињо зборуваше за своите фудбалери кои ќе му бидат на располагање за неделното дерби против Манчестер Сити, притоа алудирајќу на тоа дека Гвардиола не ја кажува вистината.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Сакате да ја слушнете вистината? Таа е дека Ерик Баи и Мајкл Карик нема шанси да бидат спремни за викендот, а Фил Џонс има. Маруан Фелаини има шанси, а Ибрахимовиќ има гролема шанса. Матиќ е повреден, но со сигурност ќе игра во дербито. Јас ја кажувам вистината. Не сум како некои да ви раскажувам стоии за Лаказет и Силва“, изјави Мурињо алудирајќи на Венгер и Гвардиола.

Венгер пред натпреварот со Јунајтед изјави дека Лаказет е повреден и дека нема да игра, а напаѓачот помина 90 минути на терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Адеми го потврди триумфот на Динамо со гол (видео)

Динамо Загреб конечно успеа да забележи победа во хрватското првенство. Вечерва на домашен…