Новата сезона за ПСЖ донесе победи, одлични настапи, но и проблеми помеѓу двете големи ѕвезди на тимот, Нејмар и Едисон Кавани кои изгледа дека и не се така наивни…
Нејмар пристигна, Бразилецот веројатно очекуваше да биде прва ѕвезда на тимот, но Кавани не го препушти лесно својот статус.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во натпреварот против Лион, Нејмар и Кавани влегоа во конфликт околу тоа кој треба да го изведе ударот од белата точка и тоа не им беше прв пат оваа сезона, на крајот одговорноста му припадна на Уругваецот кој не го реализираше пеналот.
Тој конфликт кога во прашање е резултатот не донесе големи последици, но од друга страна пак надвор од теренот ѕвездите влегоа во сериозен конфликт, а тоа стана јасно откако Нејмар престана да го следи својот соиграч на социјалната мрежа Инстаграм, а сега „Мундо Депортиво“ пишува дека Бразилецот отишол и чекор подалеку.
Имено, реномираниот шпански медиум стигнал до информации според кои Нејмар веднаш побарал од Насер Ал Келаифи, да го продаде Кавани на крајот од сезоната! Наводно, Нејмар е добро запознаен со ситуацијата околу финанскиот фер плеј, па тој изразил желба клубот да го продаде Кавани и така да ги „испегла“ сметките.
Како сето ова ќе заврши сеуште не е јасно, но сигурно не очекуваат уште многу изненадувања…