Дома Фудбал Англија Ништо без Златан: Ибра повторно го спаси Манчестер Јунајтед од пораз

Ништо без Златан: Ибра повторно го спаси Манчестер Јунајтед од пораз

Лестер, ВБА и Барнли победија во воведните натпревари од 31.коло во Премиерлигата, додека во дербито Манчестер Јунајтед се спаси од пораз против Евертон.

Манчестер Јунајтед е се подалеку од местата кои обезбедуваат пласман во Лигата на шампионите, откако трет пат на последните четири натпревари одигра нерешено.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Жозе Мурињо се спаси од пораз во дуелот со Евертон, со гол од пенал во 93.минута.

Евертон поентираше преку капитенот Џагелка во 22.минута. Дефанзивецот одлично се снајде во петерецот и покрај Рохо успеа да го совлада Де Хеа.

Јунајтед во второто полувреме изврши силен притисок кон голот на Евертон, Ерера и Погба ја погодија пречката, а Ибрахимовиќ и Блинд не реалзиираа изгледни шанси.

Наградата за вложениот труд стигна во 93.минута кога Ибрахимовиќ реализираше пенал, на кој му претходеше намерно играње со рака од страна на Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…