На денешен ден ден во 1989 година Диего Армандо Марадона ги воодушеви навивачите на Наполи на Олимпискиот стадион во Минхен.
Опуштениот Аргентинец, тогаш најдобриот играч во светот се загреваше за натпреварот од полуфиналето во Купот на УЕФА во кој неговиот Наполи гостуваше кај Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И додека неговите играчи стандардно се загреваа, безгрижниот Диего направи шоу за навивачите со безвременскиот хит „Live is life“.
Инаку, Наполи таа година го освои Купот на УЕФА, во Минхен натпреварот заврши 2:2, а пред тоа во Неапол победија 2:0. Во финалето го победија Штутгарт.