Најдобар фудбалер на светот за 2020 година според ФИФА е Роберт Левандовски.
Левандовски убедливо славеше пред Роналдо и Меси во борбата за престижната награда, а интересно е дека сите тројца како капитени на своите национални тимови имаа право на глас.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Меси не му даде бодови на Кристиано Роналдо, додека Португалецот му даде три бода на големиот ривал.
Интересно е што играчите на Реал Мадрид целосно го игнорираа Роналдо и не му дадоа нуту еден бод.
Серхио Рамос гласал за Левандовски, Алкантара и Нејмар. Лука Модриќ пак гласал за Левандовски, Рамос и Салах. Еден Азар ги одбрал Левандовски, Рамос и Де Брујн.
Герет Бејл исто така го „забиравил“ поранешниот соиграч и гласал за Левандовски, Алкантара и Мане.