Дома Останати Авто Мото Никој ништо не знае: Баричело се обидел да го посети Шумахер и добил загрижувачки одговор

Никој ништо не знае: Баричело се обидел да го посети Шумахер и добил загрижувачки одговор

Повеќе од четири години поминаа од несреќата на Михаел Шумахер, а ниту денес не се знае во каква состојба е еден од најголемите возачи на Ф1 на сите времиња.

Семејството на Шумахер упорно ја крие секоја информација за неговата состојба. Во 2014 година беше објавено дека Михаел е парализиран и во инвалидска количка и дека на ништо не се сеќава. Неговата менаџерка Сабина Кем една година подоцна излезе со изјава дека состојбата полека му се подобрува, а последната информација ја добивме во 2016 година кога неговиот адвокат на судот кажа дека неговиот клиент не е во можност да оди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британските медиуми неодамна објавија дека лекувањето на Шумахер било екстремно скапо и дека ја надминало бројката од 30 милиони евра.

Ретки се луѓето кои имаа прилика да го посетат Шумахер во овие четири години. Поранешниот негов тимски колега, Бразилецот Рубенс Баричело сакал да го посети Шумахер, но добил одговор кој не дава премногу надеж дека легендарниот возач е добро.

„Се обидов да го посетам Михаел, барав дозвола од неговото семејство неколку пати, но безуспешно. Добив само краток одговор: „Верувај, тоа нема да донесе ништо добро ниту за тебе, ниту за него“. Поради тоа воопшто немам информации за неговата состојба“, изјави Баричело кој и самиот во претходните години имаше животна драма во борбата со туморот и за среќа се добро се заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Страшна трагедија: Автомобил влета во публика – седум лица загинаа, уште најмалку 20 се повредени 🎥

Вистински ужас се случил на трката на патеката „Фокс Хил“ во Шри Ланка каде што животот го…