Дома Трансфер зона Никој не сака да плати ниту 2 милиони за Депај

Никој не сака да плати ниту 2 милиони за Депај

Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона во зимскиот преоден рок, пренесуваат каталонските медиуми.

Депај и ова лето беше на излезна врата, но сепак остана во Барселона, каде не добива голема минутажа и е во втор план.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поради тоа сака да ја промени средината и побарал од Барселона предвремен раскин на договорот за да замина во јануари.

Барселона сака да го пушти во јануари и за неговата слобода бара само 2 милиони евра, но ниту еден од клубовите не сака да ја плати таа сума.

Холанѓанецот ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, па заинтересираните клубови бараат да го раскине договорот во јануари и да го добијат неговиот потпис без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…