Неверојатно, но Вејн Руни и понатаму има преголеми барања.
Вејн Руни во изминатата сезона не беше во прв план кај Жозе Мурињо, а веројатно нема да биде и во наредната. Иако е во поодминати години (31) тој сеуште може да игра на највисоко ниво.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проблемот е што Руни и понатаму има големи барања. Во Јунајтед тој заработува 300.000 фунти и сакаа таа плата да ја задржи и во наредниот клуб, што секако е проблем.
Во еден момент се споменуваше Евертон како негова наредна дестинација, но Роналдо Куман сигурно нема да дозволи толкава плата. Како опција во овој момент со овие барања на Руни останува само Кина.
Мурињо сака да го продаде така би ги намалил трошоците на платениот список, а би можел и да заработи со неговата продажба. Меѓутоа доколку капитенот на Јунајтед не ги намали своите аптетити тешко дека ќе пронајде нов клуб во Европа.