Дома Фудбал Останато „Никој нема шанси со Германија, повеќе ме плашат Македонците отколку Исланд“

„Никој нема шанси со Германија, повеќе ме плашат Македонците отколку Исланд“

Неодамна Македонија ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство Катар 2022 година.

Во нашата група Германија е фаворитот кој се издвојува и никој не очекува дека може да и се спротистави барем според изјавите во медиумите. За втората позиција се очекува да се бориме ние со Исланд и Романија.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Романскиот стратег Мариуш Сумудица кој е тренер на Газиантеп зборуваше за ситуацијата во групата.

„Очекувам да се бориме за второто место со Исланд и Македонија. Со Германија немаме шанси. Македонија е силна и неодамна се пласираше на ЕП, искрено повеќе ме плашат Македонците отколку Исланд“.

„Мое мислење е дека Исланд ќе падне затоа што им доаѓа смена на генерации. Стилот на игра кој го имаат им е прочитан. Во Македонија има голем глад за докажување на најголема сцена“, изјави романскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големи пофалби за Де Геа откако блескаше против Милан: Тој се уште е ѕвер – голман од светска класа!

Eкипата на Фиорентина славеше победа со 2:1 против Милан, а најголеми заслуги за овој триу…