Дома Фудбал Репрезентации Николов: Во фудбалот секој може да победи секого, зошто да не ја победиме повторно Германија

Николов: Во фудбалот секој може да победи секого, зошто да не ја победиме повторно Германија

Македонската фудбалска репрезентација во рамките од квалификациите за Светското првенство ја очекуваат два натпревари.

Фудбалерите прво во петок ќе гостуваат на Лихтенштајн за три дена подоцна дома да ја пречекаме Германија. Бобан Николов истакнува дека мораме да влеземе максимално сериозно во натпреварот со Лихтеннштајн“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со дисциплина и максимална сериозност треба да влеземе во натпреварот со Лихтенштајн. Гледаме што се случува денес во фудбалот, секој може да победи секого. Ние сме поквалитетни од нив за тоа не треба да се зборува, но тоа да го покажеме на терен. Ако сме 100% фокусирани мислам дека нема да имаме проблем“.

„Ни фали победа, за поголема самодоверба. Не мора јас да постигнам гол, било кој нека биде стрелец само да победиме и да тргнеме со добри резултати“.

Посакува добрата игра да се претовори и во победи.

„Секој селектор си има свои идеи. Благоја Милевски добро го познавам, со него соработував пет години. Си има свој стил на работи оди до крај. Одигравме три добри натпревари претходно, а сега се надевам дека тие добри натпревари ќе ги реализираме и со победа. Знаеме колку тежат овие натпревари, со победа на Лихтенштајн, па зошто да не и против Германија би имале големи шанси за пласман на Светско првенство“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…