Дома Македонски спорт Мак фудбал Никола Прелчец – најдобриот во ФК Борец за „Спортски“ зборува за другата страна на коронавирусот

Никола Прелчец – најдобриот во ФК Борец за „Спортски“ зборува за другата страна на коронавирусот

Хрватот Никола Прелчец е најдобриот играч на велешки Борец кој до прекинот на сезоната освои 27 бода и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Прелчец до прекинот постигна девет гола, што е скоро половина од головите на Борец сезонава и сигурно дека тој ќе биде еден од најзаслужните ако Борец се избори за опстанок во друштвото на најдобрите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во овие моменти кога спортот е прекинат, Прелчец е прилично активен на социјалните мрежи на главната тема во овие моменти – коронавирусот.

СПОРТСКИ.МК разговараше со него и на нас тој ни го објасни неговиот став за целата ситуација.

„Кога статисички ќе погледнеме колкава е смртноста во една година (околу 500.000) во однос на короната гледаме дека тука нешто не е во ред, па се прашувам зошто сме во карантин? Македонскиот инфектолог др. Вело Марковски изјави дека ова не е карантинска болест. Хрватскиот др. Сречко Слаџолиев јавно зборуваше дека ова е измама од глобални размери. Тој е доктор кој сам си вбризга вакцина против свински грип и докажа дека вирусот не е смртоносен бидејќи владата во Хрватска сакаше да нарача 400.000 вакцини“.

„Италијанскиот политичар и застапник Витори Сграби ја обвини владата На Италија дека лажат и изнесе податоци од италијанското здравство кои покажуваат дека 96.3% од луѓето умреле од други патологии, а на нив како причина им е препишана короната. Постојат многу други доктори од Германија, Америка и светот кои зборуваат за тоа, но тие не може да ги видиме на меин стрим медиумите. Како што не може да ги видиме протестите во Германија, Дранција и Америка поради ситуацијата“.

„Очигледно Новак Ѓоковиќ неодамна ја допре сржта па го нападнаа политичарите, новинарите…Кога кажа: Сакаат да ни наметнат вакцина, јас сум за право на избор. Значи кој сака нека се вакцинира, кој не не мора. И јас се сложувам со него. Кого го интересира може да ги провери овие податоци. Мило ми е што Шведска, Белорусиј и некои други земји не го прифатија ова што ни се наметнува. Во мојата Хрватска дневно без работа остануваат 500 до 1000 луѓе. Тоа може да стане голем проблем!“

Дали е подобро во Македонија?

„Секој ден кризниот штаб објавува бројки и го плаши нарадот, а самиот страв може да доведе до разни болести. Не држат затворени на вакво убаво време по 3 дена, „одлично“. Дали е можно на 20 и неколку степени луѓето да носат маски и да дишат свој воздух? Дали е можно полицаецот да не уапси затоа сме четворица во парк??? Место да ги советуваат луѓето да одат покрај река, езеро, на планина да дишат свеж воздух кој е потребен да се подобри имутитет ние сме затворени во четири ѕида“.

Играњето фудбал во Белорусија?

„Белорусија во овие моменти заработи многу пари од тв правата, а јас би сакал тоа да бевме ние“.

Како се справува Борец со ситуацијата?

„Борец е сосема коректен кон нас, ни стои на услуга ако нешто ни треба. Имаме програм, тренираме индивидуално и со нетрпение чекаме лигата да продолжи. Ништо не ни фали освен слободата и фудбалот“, заврши Прелчец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…