Дома Фудбал Останато Никогаш нема да погодите кој му бил омилен соиграч на „стариот“ Роналдо

Никогаш нема да погодите кој му бил омилен соиграч на „стариот“ Роналдо

Бразилецот Роналдо со сигурност е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Во текот на чудесната кариера која му беше обележана со тешки повреди на коленото Роналдо играше со некои од најголемите виртуози.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Меѓутоа во интервјуто за „Спорт ТВ“ легендарниот напаѓач доби прашање кој му бил најомилен партнер во кариерата, а тој прилично изненади со одговорот и се потсети на соиграч од времето додека го носеше дресот на ПСВ.

„Тоа беше белгискиот напаѓач Лук Нилс со кого играв во ПСВ две сезони. Не беше подобар од Зидан, но имаше чуство за фудбал и редовно ми асистираше. Беше креативен и добро се разбиравме. Едноставно, тој испраќаше топка кон мене ја постигнував гол. Беа тоа одлични времиња“, одговори Ронадо кој од 1994 година до 1996 година за ПСВ постигна 54 голови на 57 натпревари.

Кој е всушност ЛУК Нилс? Роналдо потпиша за Барселона, па Реал, а потоа и за Милан во Европа. Од друга страна Белгиецот остана во ПСВ. Од 1994 до 2000 година постигна 110 голови на 164 натпревари за холандскиот клуб, потоа направи трансфер во Астон Вила каде што запиша само три настапи и постигна еден гол и ја заврши фудбалската кариера.

Прв професионален клуб за Белгиецот беше Винтерслаг, а пред ПСВ играше за Андерлехт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

По 12 години: Јувентус повторно ќе има член од семејство на Дел Пјеро!

По цели 12 години презимето на славниот Дел Пјеро повторно ќе биде присутно во Јувентус. А…