Дома Фудбал Лига на шампиони Не чека супер интересна Лига на шампиони: Еве кои гиганти нема да бидат носители

Не чека супер интересна Лига на шампиони: Еве кои гиганти нема да бидат носители

Расплетот на најсилните европски лиги во Шпанија и Италија и може да се карактеризира како изненадуивачки додека во Франција е сензационален, а тоа ќе донесе интересен состав на групите во Лигата на шампионите наредната сезона.

Носители на ждребот ќе бидат клубовите кои беа шампиони во првенствата со најголем конфициент. Конкретно во првиот шешир се наоѓаат Лил со коефициент (14.000), Спортинг (45.000), Интер (53.000) и Атлетико (115.000), таму не се (ПСЖ 113.000), Порто (87.000), Јувентус (120.000) и Реал (127.000).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Освен наведените, во првиот шешир се Баерн и Манчестер Сити кои во тој шешир припаѓаат и со коефициентот. Меѓу носителите ќе бидат уште освојувачите на Лига на шампините и Лигата на Европа.

Интересно е што Виљареал ако ја освои Лигата на Европа станува носител во Лигата на шампионите, а ако не ќе игра во новата Конференциска лига. Зенит ќе биде во првиот шешир ако Сити ја освои ЛШ. Ако Челзи стана шампион рускиот клуб паѓа се до третиот шешир.

Она што групната фаза ќе ја направи посебно интересна е што во вториот шешир сигурно ќе бидат: Реал, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Ливерпул и Севиља. Преостанатите две места ќе бидат за Јунајтед, Челзи, Борусија Дортмунд или Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…