Дома Топ вести Не се само астрономските плати: Откриени лудите клазули на ѕвездите од Премиер лигата

Не се само астрономските плати: Откриени лудите клазули на ѕвездите од Премиер лигата

Во поновото фудбалско време во кое секој преоден рок сведоци сме на трошење астрономски суми на играчи и давање милионски договори, па на големите заработки не се ништо ново.

Но, „Football Leaks“ ги објави и неверојатни дополнителни клазули во договорите на најдобро платените играчи во Премиер лигата кои неретко им овозможуваат и дополнителна плата. Најлудите клазули се вметнати во договорите на фудбалерите кои во последната година ги променија клубовите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алексис Санчез оваа зима пристигна во Манчестер Јунајтед во замена за Хенрик Михтаријан. Чилеанецот има годишна плата од 20.3 милиони фунти, а до истекот на договорот во 2023 година клубот секоја година ќе му исплатува дополнителни 1.1 милион евра за лојалност. За секој натпревар во стартниот тим добива дополнителни 75.000 фунти, со што оваа сезона заработи уште 1.2 милиони фунти.

За секоја сезона која ќе ја заврши со вкупно 40 погодоци и асистенции ќе добие уште два милиони фунти, со милион ќе биде награден ако ја освои Лигата на шампионите, а бонус од 500.000 евра ќе добие ако Јунајтед ја освои Премиер лигата.

Јунајтед во желба да го добие Ромелу Лукаку (24) за 75 милиони фунти мораше некако да го убеди Евертон, па така им го препушти Вејн Руни. Според договорот Евертон ќе добие и 10 милиони фунти ако Лукаку во секоја од своите први четири сезони на „Олд Трафорд“ постигна 23 погодоци. Оваа сезона постигна 26. Евертон ќе добие и уште пет милиони фунти, доколку Лукаку го продолжи договорот после 2022 година.

Ако во една сезона стигне до бројката од 50 голови и асистенции, Белгиецот ќе доби 4.5 милиони фунти бонус, секоја сезона добива 2.4 милиони фунти бонус за лојалност, а уште 1.9 милиони му припаѓаат секоја година од маркетиншките права.

Нешто помалку „луди“ се договорите во Ливерпул. Откако во јануари пристигна за 70 милиони фунти, Виргил Ван Дијк (26) стана најскапиот дефанзивец во историјата. Холанѓанецот во Ливерпул заработува 6.5 милиони фунти годишно, а уште толку ќе добие за потпис на договорот. До крајот на неговиот договор ќе добие пет милиони фунти во име на верност кон клубот, а дополнителни четири милиони ќе инкасира откако ќе одигра 150 натпревари за „црвените“, а клубот биде во топ 4 на табелата.

Ако Ливерпул не прими гол на 22 натпревари во сезоната, Ван Дијк ќе добие 750.000 фунти, 20.000 добива за секој постигнат гол, а уште толку и за асистенција. Мохамед Салах заработува 6.4 милиони фунти, 2.5 милиони фунти ќе добие за секоја сезона која ќе ја заврши со повеќе од 35 голови и асистенции.

Пјер-Емерик Обамејанг ова лето пристигна во Арсенал од Борусија Дортмунд за 56 милиону фунти. Неговата годишна плата изнесува 10.3 милиони фунти, а до крајот на договорот кој има важност до 2021 годиан ќе му бидат исплатени дополнителни 15.5 милиони фунти на четири рати.

Само за влез во Лигата на шампионите ќе добие 2.26 милиони фунти бонус. Уште 300.000 евра ќе добие ако сезоната ја заврши со најмалку 25 погодоци. За секој натпревар на кој Арсенал ќе слави, а Габонецот биде дел од првиот тим добива дополнителни 50.000 фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…