Дома Фудбал Италија Работно во Интер: Потпис на нов договор денес ставија шестмина фудбалери!

Работно во Интер: Потпис на нов договор денес ставија шестмина фудбалери!

Италијански Интер после поразот од Барселона, денес заврши важни работи.

Екипата на Интер денес објави дека е продолжена соработката со шестмина фудбалери.

Договорот со клубот од Милано денес ги продолжија Марсело Брозовиќ, Матијас Весино, Антонио Кандрева, Жоао Миранда, Хенрик Далберт и Роберто Гаљардини.

Договорите до јуни 2022 ги обврзуваат Брозовиќ и Весино, Кандрева се обврза на верност од една година помалку, а до 2023 потписи ставија Далберт и Гаљардини.

Договорот на Миранда има важност до 2020 година.

Финансиските детали засега не се објавени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта му се обрати на најдобриот во светот: Тебе те чекаат 105.000 гледачи на Камп Ноу, ти одлучи сам!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, повторно зборуваше за Лионел Меси и откри дека к…