Дома Фудбал Останато Не му дадоа на стадион, па Марадона играше во кал за да спаси живот на болно момче ?

Не му дадоа на стадион, па Марадона играше во кал за да спаси живот на болно момче ?

Фудбалот остана без еден великан, еден од најголемите на сите времиња, вчера овој свет го напушти Диего Армандо Марадона.

Во последните 24 часа од секаде пристигнуваат пораки на сочувство посветени на Марадона, а неговите најдобри спомени освен за Аргентина се поврзани и за Неапол.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако животот му е обележан со котроверзии, приказната дека играл во кал само за да спаси живот на болно момче ни кажува дека беше добар човек.

Имено, додека беше член на Наполи беа потребни пари за момче кое се бореше со тешка болест. Кога таа вест стигнала до Диего тој решил да организира хуманитарен натпревар.

Сепак, не му одеше се според планот. Наполи не дозволи тој натпревар да се игра на „Сан Паоло“ па Диего со соиграчите играше на друг терен. Играше во кал за да го спаси животот на момчето.

Во тој меч Марадона постигна два гола, а Наполи го победи локалниот Асерено со 4:0. За операцијата беа потребни тогашни 20 милиони лири. Самиот Марадона со организација на тој натпревар собра 15 милиони лири, останатите беа собрани со донации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…