Дома Фудбал Не можеше да ги задржи солзите: Станковиќ плачеше поради скандирањето на навивачите на Спартак

Не можеше да ги задржи солзите: Станковиќ плачеше поради скандирањето на навивачите на Спартак

Московски Спартак прослави 10 години од отворањето на стадионот „Лужњики“, а на прославата беше и тренерот на црвено-белите, Дејан Станковиќ.

Интересно, и Станковиќ во четвртокот на 11 септември го прослави својот 46-ти роденден, а навивачите на Спартак му приредија незаборавни сцени.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Имено, по прославата, Станковиќ се приближи до трибината со најжестоките приврзаници на Спартак, а тие едногласно почнаа да скандираат „Станковиќ Дејан“.

Познатиот фудбалер тоа го доживеа многу емотивно, и не можеше да ги задржи солзите…

Да потсетиме, Станковиќ како играч остави голема трага на Црвена звезда,, а токму Спартак важи за братски клуб на црвено-белите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн броеше до девет, Ливерпул го освои Сан Сиро

Возбудливо и ефикасно во првото коло од ЛШ, каде Ливерпул го доби дербито со Милан, а Баер…