Дома Фудбал Англија Не избегна да одговори: Еве како Куртоа ги објаснува двата погодоци на Меси, кои се само негова вина…

Не избегна да одговори: Еве како Куртоа ги објаснува двата погодоци на Меси, кои се само негова вина…

Голманот на Челзи, немаше своја ноќ, а кога на спротвната страна го имаше Лео Меси, тука епилогот лесно може да се предвиди.

Вакво нешто навистина ретко се случува, особено на врвно ниво, но чуварот на мрежата на Челзи,Тибо Куртоа тоа го доживеа вечерва на „Камп Ноу“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нему Лео Меси во реваншот на мечот од осминафиналето во ЛШ му даде два гола низ нозе, првиот и третиот во победата на Барса од 3:0.

Многумина по мечот одвај чекаа објаснување од голманот на „Плавите“, а тоа не изостана. Куртоа излезе пред новинарите и порача:

„Не очекував дека Меси ќе шутира оттаму, па не ги собрав нозете, така што тоа е моја грешка. Сега треба да бидам човек и да ја преземам одговорноста и да продолжам натаму. За голман како мене од два метри, најслаба точка е просторот измеѓу нозете. Дури и кога нормално стојам, има доста простор“, истакна Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски го доби најбрзиот жолт картон сезонава во Шкотска! (Видео)

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски поплднево во натпреварот против Селтик го доби најбрзио…