Искусниот напаѓач Клаудио Пизаро (39) и наредната сезона ќе настапува во Бундес лигата.
Перуанецот во минатата сезона беше член на Келн и на 14 натпревари постигна еден погодок, а иако влегува во петтата деценија од животот не се откажува од професионално занимавање со најважната споредна работа во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пизаро од наредната сезона ќе го носи дресот на својот Вердер каде што се враќа по четврти пат.
Денес напаѓачот потпиша договор на еда година. Пизаро со Вердер освои еден германски куп во сезоната 2008/2009, а најмногу профитираше како играч на Баерн со кој освои шест титули о Бундес лигата, една во Лигата на шампионите и пет купови.
„Мило ми е што имам прилика повторно да го носам дресот на овој клуб и да ја завршам кариерата во клубот кој ме доведе во Европа“, изјави Пизаро.
Пизаро во октомври ќе напочни 40 години.